Линкови за пристапност

Полицијата во Хонг Конг со солзавец и гумени куршуми растеруваше демонстранти


Демонстрантите го уништија кинескиот национален амблем во Канцеларијата за врски на Пекинг во Хонг Конг

Кина реагираше откако група антивладини демонстранти во Хонг Конг го уништија кинескиот национален амблем во Канцеларијата за врски на Пекинг за време на масовните демонстрации во неделата.

„Дејствата на радикалните демонстранти го погодуваат принципот „една земја, двата системи“, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, мислејќи на специјалниот статус на Хонг Конг под условите на предавање од Велика Британија на Кина во 1997 година.

Некои од демонстрантите фрлале јајца на Канцеларијата за врски и ги обоија околните безбедносни камери, додека десетици илјади демонстранти излегоа на улиците. Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и гумени куршуми доцна во неделата за да ги растера демонстрантите.

Се започна од огромен мирен протест кој се претвори во ноќ на судири меѓу полицијата и повеќе тврдокорни групи.

Протестите се претворија во повик за ставање крај на сега веќе суспендираниот предлог-закон за екстрадиција на жители на Хонг Конг, обвинети за кривични дела во Кина, на судења за демонстрации за демократски реформи и за ставање крај на цврстиот притисок на Пекинг на оваа територија. Многумина извикуваа: „Ослободете го Хонг Конг!“

Ова се најлошите немири кои ја потресоа поранешната британска колонија откако се врати под кинеска власт пред 22 години.

Лидерката на Хонг Конг, Кери Лам, се извини за превирањата што ги предизвика законот за екстрадиција и го прогласи за „мртов“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG