Деветчлениот највисок суд на државата едногласно реши дека полицијата би ги прекршила уставните права на осомничените ако прикачат направа за следење, на нивниот автомобил без судски налог за претрес.
Судот ова го реши во случајот на обвинет дилер со дрога во Вашингтон кој прво беше обвинет благодарение на докази собрани со ГПС за неговото движење во временски период на 28 денови. Полицијата забележала дека осомничениот правел чести посети на куќа каде биле најдени еден милион долари во готово и дрога. Полицијата добила налог, но налогот истекол пред направата да биде поставена.
Апелациониот суд ја отфрлил пресудата на првостепениот суд, а Врховниот суд ја потврди таа одлука.