Линкови за пристапност

Меѓународната заедница уверува дека наесен ќе има датум за преговори со ЕУ


Наесен ќе има датум за преговори со ЕУ, порачаа амбасадорите во Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:45 0:00

Претставници на европските институции, денес во Скопје, се обидоа да го ублажат разочарувањето по одложувањето на одлуката

Унијата уверува во датум за преговори, Северна Македонија предупредува што би значело ново одложување. Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ, кои се дел од т.н. Вишеградска група, од Скопје кажаа дека нема сомневање во постигнатото и дека тоа наесен ќе биде признаено.

„Земјава може да биде сигурна дека сите земји од Вишеградската група ќе гласаат за, како и што беше на минатиот состанок на Советот на ЕУ иако, тогаш датумот не беше на агендата поради технички проблеми“, изјави Мирослав Томан, амбасадор на Чешка.

Хенрик Маркуш, амбасадор на Словачка рече дека се подготвени да помогнат.

„Моја препорака е да се фокусирате на владеење на правото, се` друго ќе се движи полесно и побрзо во зависност од административниот капацитет на земјата“, рече тој.

Од Стокхолм, пак, шефот на дипломатијата Никола Димитров со мрачна порака до Унијата ако наесен таа не испорача датум за Северна Македонија.

„Мислам дека доколку наредната година треба да имаме 11 препорака на ЕК за почеток на преговори, јас нема да можам да разговарам со моите сограѓани со сериозно лице и притоа да им зборувам за ЕУ перспективата“, рече Димитров.

Претставници на европските институции се обидуваат да го ублажат разочарувањето по одложувањето на одлуката за наесен.

„Септември или октомври се многу блиску, само едно лето до датумот за кој сум сигурен дека ќе го означи стартот на преговори“, изјави Иво Вајгл, известувач на ЕП за Северна Македонија.

Кнут Флекенштајн, член на ЕП рече:

„Уверен сум дека датумот за почеток на преговорите ќе биде одреден во септември или октомври“.

Проценката на дел од меѓународната заедница е дека наесен ќе има датум за Северна Македонија, тврдење што го аргументираат со последната изјава на германската канцеларка дека ќе стори сѐ што зависи од неа за во октомври да има позитивна одлука.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG