Линкови за пристапност

Доналд Трамп Јуниор повикан повторно да сведочи во Сенатот


Комисијата за разузнавање со налог побара синот на претседателот да одговори прашања за неговото сведочење во врска со истрагата за Русија во 2017

Сенатската комисија за разузнавање издаде налог најстариот син на претседателот Доналд Трамп да одговори прашања за неговото сведочење во 2017 година, како дел од истрагата за руското мешање во изборите.

Комисијата одлучи да разговара со Доналд Трамп Јуниор, откако поранешениот адвокат на претседателот Мајкл Коен, на сведочењето во февруари, кажа дека го брифирал Трамп Јуниор најмалку десет пати за планот да се гради кула во Москва.

Тој, пак, пред Сенатската комисија за разузнавање во 2017 година, рече дека само начелно бил информиран за овој план.

Ова е прв налог за член на смејството на Трамп, и знак дека Сенатската разузнавачка комисија продолжува со истрагата за поврзаноста на Русија со изборите, и покрај објавувањето на извештајот на Мулер.

Не е јасно дали Трамп Јуниор ќе одговори на поканата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG