Линкови за пристапност

Ден Коатс ќе го води американското разузнавање?


Според наводи тој ќе го наследи Џејмс Клапер, кој ќе се пензионира

Според новински агенции, новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе го назначи поранешниот сенатор Ден Коатс на највисоката позиција на американската разузнавачка заедница.

Коатс, конзервативен републиканец ќе биде раководител на Канцеларијата на директорот на националното разузнавање, кои ги надгледува ЦИА, Националната агенција за безбедност и 14 други федерални агенции кои собираат информации за поддршка на американските надворешни односи и националната безбедност. Ако биде потврден од Сенатот, Коатс ќе го наследи Џејмс Клапер, пензиониран генерал кој на позицијата беше назначен од страна на претседателот Обама во 2010-та година.

Коатс кој е на 73 годишна возраст, ја претставуваше државата Индијана во американскиот Сенат од 1989-1999, и повторно од 2011-та година наваму. Тој одби да се натпреварува за друг мандат на изборите во ноември. Коатс е поранешен амбасадор во Германија, и во минатото членуваше во сенатскиот Комитет за разузнавање.

Тој служел во американската армија од 1966-68 година и бил бизнисмен пред да започне да се занимава со политика.

XS
SM
MD
LG