Линкови за пристапност

Случајот со можниот руски шпион од Австрија ќе се одрази врз односите ЕУ - Русија


Изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц по информацијата дека поранешен воен офицер соработувал со руската разузнавачка служба од 1990-те до 2018-та година

Австриски пензиониран воен офицер е осомничен дека бил руски шпион неколку децении.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека тој веројатно станал шпион за руската разузнавачка служба во 1990-те години, и продолжил се` до 2018-та година.

Курц рече дека ако ова биде потврдено, независно дали во Холандија или во Австрија, нема да може да се подобрат односите меѓу Европа и Русија.

Австрискиот министер за одбрана Марио Кунасек рече дека случајот излегол на виделина пред неколку недели, како резултат на информација од друга европска разузнавачка агенција.

Австрискиот министер за надворешни работи,пак, го откажа претстојното патување во Русија, а според руските медиуми, Министерството за надворешни работи на Русија денес итно го повикало австрискиот амбасадор, откако Виена побарала објаснување за можните шпионски активности.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG