Линкови за пристапност

Демонстрации на годишната средба на ММФ и Светската банка во Истанбул


Турската полиција употреби водени топови и солзавец да ги растера демонстрантите кои протестираа на годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка во Истанбул.

Полицијата се судри со демонстрантите во близина на локацијата каде илјадници министри за финансии, банкари и економисти од светот дискутираат за глобалната економија. Полицијата следеше некои од демонстрантите кои бегале во соседни улици.

Демонстрантите кршеле прозорци на некои банки и продавници. Некои фрлале и молотови коктели.

Десетици лица се приведени за време на протестите организирани од неколку турски синдикати.

Минатата недела, студент беше приведен откако фрли чевел, но го промаши директорот на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Штраус – Кан за време на неговото обраќање на Универзитетот во Истанбул.

XS
SM
MD
LG