Линкови за пристапност

Светот ја прослави Новата 2009 Година


Прослави имаше насекаде и покрај глобалната економска криза.

Во Њујорк, речиси милион лица на ветровито и студено време на Тајмс Сквер го дочекаа спуштањето на огромната кристална топка. Со уарот на часовникот на полноќ конфети и балони го исполнија воздухот.

Во многу градови, Лондон, Париз, Хонг Конг и Сиднеј прекрасни орномети го осветлија небото.

Но во Тајланд, најмалку 59 лица загинаа и повеќе од 200 се повредени во пожар во ноќен клуб во Бангкок.

Претседателот Буш во САД во соопштение кажа дека ова е возбудливо време додека нацијата се подготвува за мирно примопредавање на власта со инаугурацијата на новоизбраниот претседател Барак Обама.

Прославата беше скромна во Кина, каде лунарната Нова година доаѓа подоцна во јануари.

XS
SM
MD
LG