Линкови за пристапност

Американските акции и натаму паѓаат


Врвните економски претставници од најбогатите држави во светот велат дека ќе ја преземат секоја неопходна акција за да обезбедат стабилност на меѓународниот финансиски систем.

Министрите за финансии и гувернерите на централните банки на Г-7 дискутираа за планот на финансиско спасување на САД на телефонска конференција.

Ова уследи откако Бушовата администрација побара од американскиот Конгрес 700 милијарди долари за планот за финансиска интервенција. Претседателот Буш кажа „цел свет гледа“ како САД ќе се справат со кризата. Тој го поттикна Конгресот да избегнува партиски потези што може предлог-законот да го направат помалку ефикасен и да го забават неговото усвојување.

Претседателот кажа дека нереагирањето по пакетот би имало широки последици што ќе им наштетат на обичните американци но и на богатите инвеститори.

Акциите на Вашингтон предизвикаа мешани реакции од инвеститорите. Азиските пазари на акции забележаа добивка до затворањето на понеделничкото тргување, но вредноста на европските и американските акции падна.

Во друг развој, Бордот на Федералните резерви во неделата кажа дека ќе дозволи последните две големи инвестициони банки, Голдман Сакс и Морган Стенли, да станат холдинг компании.

Промената значи дека двете компании ќе можат да прифатат депозити и да позајмуваат пари од американската централна банка.

XS
SM
MD
LG