Со победата во Мисисипи, Барак Обама го зголеми водството пред Хилари Клинтон во пресрет на круцијалните прелиминарни избори во Пенсилванија, каде во залог се 158 делегати.
За Си-Ен-Ен Обама кажа дека очекува Демократите да се обединат против претпоставениот републикански кандидат, сенаторот Џон МекКеин, за кого Обама рече дека ќе ја продолжи политиката на претседателот Буш.