Линкови за пристапност

Очекувања од изборите за претседател на САД од македонската заедница во Њу Џерси и Њујорк


Македонската заедница во Клифтон, сојузната држава Њу Џерси, очек ува подобрување на економската состојба во САД и одбегнување на евентуалната рецесија во која може да западне економијата.

И во Њујорк, независно кој ќе победи на претседателските избори, не очекуваат промени во надворешната политика на САД спрема Македонија:

- Генерално, Америка имала конзистентна политика спрема Македднија и се надевам дека така и ќе остане. Не би требало да искусиме некои радикални девијации. Се надевам дека и натаму САД ќе бидат најголем поддржувач, вели Борјан Пановски, кој живее во Њујорк.

Велат дека гласаат според лично убедување и не се „слепи“ приврзаници на републиканската или демократската доктрина.

- Мислам дека следниот претседал на САД ќе има многу важен мандат во смисла на обединување на демократите и републиканците, а не проширување на јазот кој што владее веќе со години. Тоа ќе има голема улога како за политиката во државата, така и за надворешната политика, смета Марија Василева од Њујорк.

Со ставови и за претседателската трка во која, за разлика од порано, жена и афро-Американец годинава се демократските кандидати за претседател. Виктор Секуловски од Њу Џерси вели:

- Америка е се` уште релативно конзервативна земја за разлика од Европа, така што ниту жена, ниту некој од малцинствата би победил на претседателските избори, доколку на другата страна не е кандидат што би бил апсолутно негативен.

Илчо Блажев од Њујорк очекува жените да бидат понаклонети кон сенаторката Клинтон, а афро-Американците кон Барак Обама.

На овие претседателски избори во САД - иако македонската заедница јавно не ја потенцира - сепак е забележлива нивната поддршка за Клинтон поради многубројното присуство на митинзите и добротворните средби организирани од демократските конгресмени за чиј реизбор удел имаат и гласовите од Македонците. Сите велат дека резултатите од таканаречениот „супер-вторник“, кога во ист ден на прелиминарни избори се гласаше во преку 20 сојузни држави, го проретчија бројот на кандидатите и направија да биде многу појасно во кој правец ќе се движи поддршката на македонската заедница во трката за претседател на САД.

XS
SM
MD
LG