Линкови за пристапност

Воведена кризна состојба во Македонија


Во следните две недели во Македонија на сила е кризна состојба. Причина е вториот бран африкански температури што се најавува од денеска, кои викендот ќе достигнат и до 43 степени. Активиран е Главниот кризен штаб со кој ќе раководи директорот на Центарот за управување со кризи Панде Лазаревски.

Претставницте на министерствата за здравство и за труд и социјална политика ги активираа специјалните мерки за справување со топлотниот бран, кои ќе траат 14 дена, со можност за нивни продолжување.

-Во здравствените установи каде што се згрижени лица од вулнерабилните групи да се одржува температура под 26 степени, да се воведе скратено работно време од 6 часа. Вработените кои работат во затворени простории и не се директно изложени на сончево зрачење да работа од 7 до 13 часот. Вработените кои работат на отворен простор и се директно изложени на сончево зрачење, да работат од 7 до 11 часот и од 18 до 20 часот, значи двократно. Бремените жени од утре да бидат ослободени од работа за време на траење на кризно високите температури, соопшти министерот за здравство Имер Селмани.

Мерките се задолжителни за јавната и за државната администрација, а состојбата во приватниот и за граѓанскиот сектор ќе ја контролира Трудовата инспекција. Предвидени се и казни.

-Трудовата инспекција перманентно врши увид врз условите каде што работат вработените, така што секое работење надвор од со закон пропишаните услови е недозволиво и трудовата инспекција ќе затвроа објекти, ќе поднесува прекршочни пријави.

Во Кризниот штаб се подготвуваат за справување со пожарите. Досега биле регистрирани 217 пожари, на простор од 2.500 квадратни метри, од кои 70 проценти се шуми. 80 проценти од пожарите се подметнати, велат во Центарот за управување со кризи. Македонија, велат, располага со пет воздухоплови за гаснење на пожари, но не негираат дека во екстремни случаи е подготвени да побараат и помош од странство. Најавуваат и строги казни за пометнувачите на пожари.

XS
SM
MD
LG