Линкови за пристапност

Враќање на ракот и шанси за излекување


Минатиот месец две јавни личности во САД објавија дека повторно се болни од рак.

Портпаролот на Белата куќа Тони Сноу ја дозна лошата вест кон крајот на март. Пред две години, Сноу беше дијагностициран со рак на дебелото црево, по што појде на операција и се опорави. Сега, според лекарските наоди, ракот се вратил и е во фаза четири од вкупно пет. Петтата е со најмали шанси за излекување.

Слична дијагноза и за сопругата на претседателскиот кандидат Џон Едвардс, Елизабет. Кај неа ракот на дојката што претходно беше совладан сега повторно се појавил, метастазирал, и е во фаза четири.

Во многу случаи, комбинацијата од хемотерапија, зрачење и силни лекарства можат да го продолжат животниот век, но д-р Мајкл Фиш од Центарот за рак во Хјустон, Тексас, вели дека не постојат гаранции за тоа.

“Не е можно да се даде прецизна проценка поединечно, како и за тоа дали ракот ќе се врати или не"

Бројот на смртни случаи од рак во САД е во опаѓање веќе втора година по ред. Ова е добра вест за оние кај кои ракот не се вратил во првите пет години, а потоа и во наредните пет. Но, доктор Фиш додава дека не е необично по повеќе години ракот да се врати кај оние кои веќе еднаш го победиле.

Истражувањата покажуваат дека болните од рак во поодмината фаза често веруваат дека шансата за преживување е поголема отколку што навистина е. Додека лекарите велат дека дека надежта може да помогне, истовремено може и да ги мотивира пациентите да пробаат агресивни терапии, што само ја продолжува болката и страдањето. Лекарите често проценуваат дека останало помалку време отколку што пациентите би сакале да чујат, но како што се приближува смртта, повеќето болни велат дека сакаат да ја знаат вистината за својата ситуација.

XS
SM
MD
LG