Линкови за пристапност

Рајс:  израелски и палестински претставници ќе се среќаваат на секои две недели


Израелските и палестински лидери се согласиле да се среќаваат на секои две недели за да разговараат за безбедносни и други прашања. Ова го соопшти американскиот државен секретар Кондолиза Рајс на крајот на својата турнеја по Блискиот Исток.

Рајс синоќа кажа дека средбите ќе бидат посветени на дневни прашања, но би требало да бидат вовед во дискусија за постигнување на политичко решение на израелско-палестинскиот проблем. Пред објавувањето на веста Рајс имаше одвоени средби со изрелскиот премиер Ехуд Олмерт и палестинскиот претседател Махмуд Абаз.

XS
SM
MD
LG