Линкови за пристапност

Тројца притвореници во Гвантанамо извршија самоубиство


Американската армија соопшти дека тројца притвореници во морнаричката база во Заливот Гванатанамо – двајца државјани на Саудиска Арабија и еден на Јемен - починале во саботата како резултат на самоубиство. Според командантот на базата, адмиралот Хари Харис, тие направиле бесилки од својата облека. Лекарите во базата се обиделе да ги повратат, но било предоцна.

Адмиралот Харис смета самоубиствата ги планирале и координирале притворениците кои се сместени во истиот блок ќелии каде биле и починатите. Тројцата кои извршија самоубиство минале во Гвантанамо четири години, сите учествувале во штрајкот со глад и сите биле сосила хранети.

Белата куќа соопшти дека претседателот Буш е мошне загрижен поради самоубиствата.

Според американската армија, во Гвантанамо се држат притвореници бидејќи тие воделе војна против САД и продолжуваат да претставуваат закана.

Комитетот на ОН против тортурата минатиот месец повика да се затвори притворот што се наоѓа на Куба. Вашингтон порекнува дека ги малтретира или пак измачува затворениците во Гвантанамо .

Во Гвантанамо се наоѓаат преку 400 лица осомничени за тероризам. Дел од притворениците се во штрајк со глад уште од август минатата година, а многумина се закануваа со самоубиство или пак се обидоа да го извршат.

XS
SM
MD
LG