Активистот за демократија, Џошуа Вонг, им се придружи на оние кои бараат оставка од лидерката на Хонг Конг, Кери Лам, најавувајќи дека по неговото ослободување од затвор ќе се приклучи на масовните протести против законот за екстрадиција.
Вонг беше еден од лидерите на протестите во 2014 година и помина два месеци во затвор под обвинение поврзани со овие протести.
„Луѓето во Хонг Конг нема да молчат под репресија на претседателот Си и лидерката Кери Лам. Лам мора да се повлече“, рече активистот Вонг.
Властите повторно ги отворија патиштата во близина на владините штабови, откако стотици илјади демонстранти облечени во црно протестираа во неделата против контроверзниот закон со кој ќе се дозволи екстрадиција во Кина.
Facebook Forum