Линкови за пристапност

ДИК: Излезност до 17 часот – 34,52%


Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК) одзивот на гласачите до 17 часот е 34,52 % од обработени 91 отсто од избирачките места. Досега од вкупно запишаните 1.808.131 гласачи своето право на глас го искористиле 568.110 граѓани на 3.480 гласачки места.

Најголем одзив до 17 часот има во Крива Паланка каде досега гласале 57,82% од запишаните избирачи, Демир Капија – 52,78 %, Демир Хисар – 51,94%, Крушево – 50,64 и Прилеп каде досега гласале 50,30% од запишаните избирачи.

Најмајлку гласачи засега излегле во Центар Жупа само 12,67% од вкупно 6.953 регистрирани гласачи, Пласница – 12,04%, Липково 13,55 и Желино 13,62%.

Изборите течат мирно и без поголеми нерегуларности.

Од МВР соопштија дека се регистрирани неколку помали нарушувања на изборниот процес како фотографирање на гласачкото ливче

И од јавното обвинителство соопштија дека не се забележани сериозни нарушувања на изборниот процес.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG