Линкови за пристапност

Американските и авганистанските лидери на средби за „ревитализирање“ на односите


Во вторник претседателот Гани ќе има средба со претседателот Обама во Белата куќа.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани се среќава со американскиот претседател Барак Обама во Белата куќа во вторник, среде прашања во врска со идното присуство на американската армија во државата.

Претседателот Гани и шефот на егзекутивата Абдула Абдула, кој раководи со владата на поделена власт, се сретнаа со високи претставници на САД во понеделникот, вклучувајќи го и државниот секретар Џон Кери , кој разговорите ги нарече „продуктивни“.

Дискусиите имаат за цел подобрување на билатералните релации кои беа затегнати со речиси 14-те години на војна и односите на Америка со поранешниот претседател Хамид Карзаи.

За време на понеделничките разговори, лидерите зборувале за загриженоста на Гани во врска со безбедноста пред пролетните месеци во кои традиционално има повеќе од обично напади од страна на Талибан.

XS
SM
MD
LG