Линкови за пристапност

Кери: Ќе бидат потребни години да се порази Исламската држава


Американскиот државен секретар зборуваше во Брисел на средба со претставници на 60 коалициони партнери.

Американскиот државен секретар Џон Кери вели дека ќе требаат години да бидат поразени милитантите на Исламската држава, но дека воздушните напади на коалицијата против милитантите направиле да им е многу потешко да изведуваат нови напади.

Кери зборуваше во средата во Брисел, отварајќи ја средбата со министрите за надворешни работи од 60 коалициони партнери, организирана со цел да се дискутираат напорите за борба против милитантната група која презеде големи области во северен и западен Ирак и источна Сирија порано годинава.

„Една работа што ќе произлезе од оваа средба е изјава која ќе ја содржи пораката: дека ние сме обединети и се движиме напред на сите фронтови и дека ќе се ангажираме во оваа кампања толку колку што ќе биде потребно за да ги поразиме“, рече Кери.

Тој рече дека милитантите мора да се грижат што ќе им падне од небото и дека воздушните напади предводени од САД ќе продолжат колку што ќе биде потребно додека обуката и помошта за ирачките безбедносни сили се проширува.

Досега, коалицијата изведе над 1.000 воздушни напади во Ирак и Сирија од почетокот на кампањата во август.

Во меѓувреме, Иран ги негира тврдењата од САД дека Техеран извел на своја рака воздушни напади во Ирак..

XS
SM
MD
LG