Линкови за пристапност

Во живо: Втора инаугурација на Претседателот Барак Обама

Најново од церемонијата и настаните врзани со инаугурацијата следете ги од ова место.

15:31 21.1.2013
Претседателот Обама рече:

„Нашето патување не е комплетно додека не најдеме подобар начин за прифаќање на имигрантите кои се` уште ја гледаат Америка како земја на можности, додека умни, млади студенти и инженери не се влезени во работната сила, а не избркани од нашата држава. Нашето патување не е завршено додека сите наши деца од улиците на Детроит до брдата на Апалачите и тивките патеки на Њутаун, не знаат дека ние се грижиме за нив, и ги чуваме како нешто свето, и се секогаш безбедни од зло.“
14:25 21.1.2013
14:23 21.1.2013
Претседателот Обама рече:

„Ние, народот, се` уште веруваме дека секој граѓанин заслужува основна мерка на безбедност и достоинство. Ние мора да направиме тежок избор за да ја намалиме цената на нашата здравствена заштита. Но го отфрламе верувањето дека Америка мора да избере меѓу грижата за генерацијата што ја изградила оваа држава и инвестирање во генерацијата што ќе ја гради нашата иднина. Зашто ние ги помниме лекциите од нашето минато, кога години беа минати во сиромаштија и кога родители на дете со посебни потреби немаа каде да се обратат.“
13:50 21.1.2013
Претседателот Обама рече:

„Америка ќе остане сидро на силна алијанса во секој дел на светот, и ние ќе ги обновиме оние интитуции кои ја прошируваат нашата способност да се справуваме со кризи во странство, зашто никој нема поголем залог во мирен свет отколку најмоќната нација. Ние ќе поддржиме демократија од Азија и Африка, од државите на американскиот континент до Блискиот исток, зашто нашите интереси и нашата свест не` тераат да реагираме во името на оние кои копнеат по слобода.“

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG