Линкови за пристапност

Јеменски протестанти упаднале во американската амбасада


Стотици демонстранти упаднале на локацијата на американската амбасада во Сана, но меѓу американскиот персонал нема повредени.

Стотици јеменски демонстранти, разлутени заради филм во кој се навредува Исламот упаднале на локацијата на американската амбасада во Сана, продолжувајќи го бранот на анти-американски протести што го потресуваат регионот.

Неколку дипломатски возила во четврток биле запалени, а службите за обезбедување употребиле водени топови и предупредувачки истрели во обид да се истераат демонстрантите подалеку од амбасадата. Наводно има повредени.

Американскиот амбасадор во Либија и тројца други службеници во амбасадата беа убиени во вторникот откако осомничени исламски милитанти упаднале во американскиот конзулат во Бенгази.

Во меѓувреме протестите продолжуваат пред американската амбасада во египетскиот главен град Каиро, додека полицијата употребува солзавец против толпата од околу 200, претежно млади лица. Насилството е насочено против кус аматерски филм направен во Америка во кој се исмева пророкот Мухамед.

Либиските власти им се извинија на САД за нападот на дипломатското претставништво во Бенгази.
XS
SM
MD
LG