Линкови за пристапност

СЗО: Вакцини спасуваат милиони животи секоја година


Светската здравствена организација ја започна годишната кампања за неделата на имунизирање

Кога Светската здравствена организација ја започна својата проширена програма за имунизација во 1974, само пет проценти од децата во светот биле вакцинирани од убиствени болести, како дифтерија, сипаници и црна кашлица. Четириесет години подоцна, повеќе од 80 проценти добиваат вакцина што им го спасува животот.

Како дополнение на тоа СЗО забележува зголемен број луѓе од сите возрасни групи кои се имунизираат против болести што можат да се спречат.

Но, СЗО вели дека работата мора да продолжи за вакцините да стигнат до децата во светот кои не се вакцинирани со основни вакцини. Зашто, кога има доволен број луѓе во заедницата кои не се имунизирани, болестите што се сметало дека се искоренети, се враќаат велат од Светската здрвствена организација.
XS
SM
MD
LG