Линкови за пристапност

Меч на денот: САД - Германија


Атмосфера пред мечот САД - Германија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:31 0:00

Атмосфера пред мечот САД - Германија

Осум селекции се борат за четири места за понатамошен пласман

Денеска на Светското првенство играат осум репрезентации, по што ќе бидат познати 16-те селекции што ќе го продолжат натпреварувањето.

САД се соочува со Германија во битката за двете места во Групата Г. Двете селекции се пласираат со нерешен резултат, но обата тима може да се квалификуваат и со пораз, ако Гана и Португалија ги поделат бодовите.

Гана и Португалија имаат интерес Германија да ги порази САД, но и во такво сценарио, Португалија треба да извојува победа против Гана со голема гол-разлика за да може во ситуација на ист број на бодови со Американците, да се пласира понатаму.

Во групата Х, Белгија веќе освои доволно поени за понатамошен пласман и потребен и нерешен резултат да го освои првото место во групата. Јужна Кореја, треба да оствари победа со голема гол-разлика и да се надева на позитивен исход од другите натпревари за понатамошен пласман.

Алжир е втор во групата и потребна му е победа со Русија, но нерешен резултат или пораз, ќе ја отвори вратата за Јужна Кореја и ќе и` ги зголеми шансите за продолжување на натпреварувањето.

XS
SM
MD
LG