Линкови за пристапност

Кира Казанцев нова Мис на Америка


Мис на САД 2015
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:37 0:00

Трета година по ред, најубавата Американка доаѓа од Њујорк

Новата Мис на Америка е 23-годишната Кира Казанцев од Њујорк. Таа беше избрана во конкуренција на 53 убавици што ги претставуваа 50-те сојузни држави, Порторико, Американските Девствени Острови и областа на главниот град Вашингтон. Ова е трета титула по ред за Њујорк во натпреваруњето.

Титулата на Казанцев и` донесе и стипендија од 50.000 долари што планира да ги искористи за доусовршување на студиите по право. Таа најави дека планира да го крене гласот против домашното насилство за време на едногодишното претставување на титулата на најубава жена во САД.

Во финалето, таа беше подобра од Мис на Вирџинија. Меѓу петте финалистки се најдоа и претставничките на сојузните држави Арканзас, Флорида, и Масачусетс.

Мис на Северна Дакота ја освои титулата за фотогеничност.

XS
SM
MD
LG