Линкови за пристапност

Се` помал број мигранти влегуваат во Унгарија


Бројот на мигранти кои што илегално влегуваат во Унгарија опаднал додека има извештаи дека неколку стотина влегле во Хрватска преку Србија

Унгарските власти објавија дека привеле 366 илегални имигранти на првиот ден по новите стриктни закони со коишто се казнуваат лицата коишто влегуваа во земјата на илегален начин. Во понеделникот, полицијата соопшти дека рекорден број на 9.380 мигранти преминале во Унгарија.

Во меѓувреме, бранот бегалци почна да се движи појужно. Неколку стотина мигранти влегле во Хрватска од Србија, а повеќе автобуси се забележани како од граничниот премин Прешево, се упатуваат кон Хрватска.

Вчера Србија соопшти дека не може да справи со големиот бран бегалци додека Унгарија го спречува нивниот проток кон Европа.

„Србија не е прифатен центар“, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ. Тој оцени дека е неприфатливо мигрантите да се вратат во Србија, особено ако се` поголем број доаѓаат од Грција и од Македонија.

XS
SM
MD
LG