Линкови за пристапност

Кери во Ирбил


Американскиот државен секретар на средби со курдски водачи, во обид да влијае за политички реформи во Ирак

Американскиот државен секретар Џон Кери вели дека главен предизвик во Ирак е формирање на вклучителна влада. Тој веќе втор ден е во посета на земјата, на консултации за тоа како да се реагира на напливот на сунитските исламистички милитанти.

Кери денес во Ирбил се сретна со Масуд Барзани, претседателот на автономниот курдски регион во североисточен Ирак. Барзани рече дека Курдите се во потрага „по решение на кризата на којашто сите сме сведоци“.

Курдските сили презедоа контрола врз градот Киркук, инаку област богата со нафта, откако ирачките сили побегнаа пред напливот на милитантите од Исламската држава Ирак и Левант (ИСИС).

Според Кери, Ирак се наоѓа пред критичен момент.

„Во последните денови, безбедносната соработка меѓу силите тука во курдската област беше од критично значење за да се повлече линија пред ИСИС и да се даде поддршка на ирачките сили за безбедност", кажа американскиот државен секретар.

Виш претставник на Стејт департментот подвлече дека е важно ирачките Курди да бидат вклучени, додавајќи дека нивното повлекување од политичкиот процес би “забрзало многу негативни трендови“.

Според ОН, во јуни во Ирак загинале над 1.000 лица, повеќето цивили. Земјата минува низ најтешко насилство од 2008-ма.
XS
SM
MD
LG