Линкови за пристапност

Иванов апелира за дијалог


Претседателот на Македонија изразил загриженост за поделбите во академската заедница; За утре закажани нови протести

Да престанат поделбите во академската заедница, а да продолжи дијалоготот, размената на идеи и иницијативи, како единствен начин што може да доведе до успешна трансформација на високото образование. Ова им го порачал претседателот на Македонија Ѓорге Иванов на претставниците на групата професори од македонските универзитети кои ги поддржуваат владините реформи во високото образование, на денешната средба.

„Претседателот Иванов уште еднаш изрази загриженост за тенденцијата на поделби во академската заедница и изрази жалење што беше одбиена иницијативата за одржување заедничка средба денеска на претставниците на Професорскиот пленум, на Студентскиот пленум и на Граѓанската иницијатива за поддршка на знаењето во високото образование“, се наведува во соопштението од Кабинетот на Иванов.

„Сметаме дека е испуштена историска шанса да се разговара за квалитетот за високото образование“, изјави професорката Татјана Каракамишева, дел од Граѓанската иницијатова за поддршка на знаењето во високото образование.

Вчера, претседателот Иванов ги прими претставниците на професорките и Студентскиот пленум, кои се противат на реформите во високото образование, сметајќи ги за противуставни и за упад во универзитетската автономија.

Во меѓувреме, Студентскиот пленум за утре повика на нов протест пред Собранието, каде на дневен ред е второто читање на измените на Законот за високо образование. Првично, повикот беше само кон студентите, но потоа повикот го проширија на сите граѓани.

XS
SM
MD
LG