Линкови за пристапност

Џохар Царнаев конечно пред суд


Судењето за бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон ќе започне следниот месец

Осомничениот за бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон во 2013-та пристигна во судот во Бостон под силно обезбедување за неговото прво појавување по повеќе од една година.

Ова беше конечен распит за Џохар Царнаев пред закажаниот почеток на судскиот процес следниот месец.

Тој е обвинет за бомбашкиот напад во кој загинаа тројца, а повеќе од 260 други беа повредени на популарниот маратон. Ако биде прогласен за виновен, може да добие смртна казна.

Неговиот брат Тамерлан, исто така осомничен за соучесник во извршувањето на делото, беше убиен во полициска акција, неколку дена по бомбашкиот напад.

XS
SM
MD
LG