Линкови за пристапност

Трамп: За десет години Републиканската ќе биде „друга партија“


Републиканскиот претседателски кандидат има негова визија за иднината, која не е целосно во согласност со партијата

Доналд Трамп осигура 1.237 делегати потребни за да стане номиниран републикански претседателски кандидат - потег што изгледаше неверојатен неколку месеци претходно. Сега, и покрај желбите републиканскиот естаблишмент, Трамп работи да ја промени партијата во негов стил.

Неговиот слободен стил и енергичност, доведоа бројни гласачи да ги наполнат гласачките листи во републиканската прелиминарна трка, но истите квалитети што го доведоа Трамп до номинација, создадоа и јаз меѓу партиските елити и гласачите, што го поддржуваат.

Целта на Трамп за чекор напред е да ги усогласи желбите на републиканскиот естаблишмент и интересите на неговите нови следбеници.

Трамп го помина поголемиот дел од прелиминарната сезона оградувајќи се од републиканската донаторска класа, и рече дека политичарите и` се потчинети.

Но, сега кога Трамп е речиси сигурен кандидат за општите избори, ќе биде принуден да работи со некои од истите тие големи донатори, ако сака да остане конкурентен, во изгледа најскапите избори во историјата на САД.

Победата кај овие донатори може да биде предизвик за Трамп, како што многумина не му веруваат и не гледаат можност за договор поради неговите политички ставови.

Неодамнешна анализа на Њујорк тајмс покажа дека, најмалку дванаесет од најбогатите и најсигурни донатори на Републиканската партија, се заколнале никогаш да не дадат пари за њујоркшкиот крал на недвижности.

Групата има придонесено со 90 милиони долари за републиканците во последните три изборни циклуси.

Трамп има обезбедено поддршка на дванаесет сенатори и конгресмени, вклучувајќи го потпретседателот Дик Чејни и Шелдон Аделсон, еден од најбогатите републикански донатори.

Неколку од поранешните противници на Трамп, кои жестоко го критикуваа, сега активно работат со него.

Гувернерот на Њу Џерси Крис Кристи, беше избран од Трамп да го води неговиот претседателски преоден тим, а Бен Карсон да ја предводи потпретседателската изборна комисија.

Трамп се согласува, и изгледа има негова визија за иднината, иако не е целосно во согласност со доктрината на Републиканската партија години наназад.

За вестите на Блумберг изјави дека, за пет или десет години Републиканската партија ќе биде „друга партија“.

Трамп избегна повеќе од конзервативните социјални замки, кои ги измачија неговите ривали за време на кампањата, вклучувајќи ги и прашањата за хомосексуалните бракови и пристап на трансродови лица до јавни тоалети за ист пол, за кои тој даде поддршка.

Наместо, Трамп ја насочи неговата кампања на економските прашања и гранична безбедност, на големо разочарување на партиските лидери.

Неодманешна анкета на Фокс њус покажа дека 74 проценти од Латино гласачите се против Трамп, додека анкетите на Еј-Би-Си и на Вашингтон пост покажаа дека Клинтон, веројатниот демократски кандидат, води со 14 поени пред Трамп, меѓу жените.

Како и да е, бројките на Трамп во анкетите продолжуваат да се зголемуваат, а пред два месеца поддршката на Трамп меѓу мажите скокна за 17 поени.

Сепак, анкетите покажуваат дека Трамп и Клинтон се речиси еднакви спроти општите избори, секој со околу 43 проценти од гласовите. Пред два месеца, Клинтон водеше со 12 поени.

XS
SM
MD
LG