Линкови за пристапност

Втора ноќ на протести во САД


Втора ноќ на протести
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:02 0:00

Илјадници демонстранти изразија лутина во врска со убиства извршени од полицајци, во Њујорк, Чикаго, Бостон и Вашингтон, меѓу другите градови.

Демонстрации имаше втора последователна ноќ во Њујорк, во четвртокот, но и во други градови низ САД, во знак на протест по неодамнешното убиство на невооружен црнец.

Илјадници лути жители маршираа низ Менхетн и преку Ист Ривер во Бруклин, повремено легнувајќи на улица во таканаречен „протест на умирање“.

Демонстрациите беа мирни, иако повремено имаше турканица меѓу демонстрантите и полицијата, што доведе до апсење на неколкумина.

Демонстрации имаше и во други поголеми градови во САД, вклучувајќи ги Чикаго, Бостон и Вашингтон.

Демонстрантите беа лути по одлуката на голема порота во средата,за непокренување на обвинение против полицаец кој ставил невооружен црнец осомничен дека продавал цигари без данок во полициска јамка задушувајќи го.

Њујорк вели дека ќе ги обучи своите 20.000 полицајци за справување со осомничени. Градоначалникот Бил де Блазио во четвртокот кажа дека е клучно полицијата да ги третира луѓето од сите раси подеднакво.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун побара од американските лидери да ги земат на одговорност претставниците на спроведувачите на законот.

Американскиот правобранител Ерик Холдер кажа дека Одделот за правда спроведува федерални истраги за граѓански права по смртта на Ерик Гарнер во Њујорк и Мајкл Браун во Фергусон. Полицајците во двата случаи се слободни по одлуката на голема порота да не бидат гонети.

Холдер зборуваше во Кливленд, Охајо, каде полицаец застрела 12-годишно црно момче во јавен парк додека мавтал со пиштол-играчка.

XS
SM
MD
LG