Линкови за пристапност

Кристи го поддржа Трамп


Поддршката од поранешниот ривал за Трамп може да значи поттик пред гласањето во „супер вторникот“

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, доби поддршка од еден од неговите поранешни ривали, гувернерот на Њу Џерси Крис Кристи, кој рече дека Трамп има најдобра шанса да победи на изборите во ноември.

Крис Кристи е прва поголема личност од партијата што му даде поддршка на милијардерот и бизнисмен со недвижности.

На прес-конференцијата во Тексас, пред собирот на Трамп, Кристи кажа дека Трамп има најдобра шанса да ја победи водечката кандидатка од Демократската партија и поранешна државна секретарка, Хилари Клинтон.

Тој изјави дека „никој не е подобро подготвен од Трамп да ѝ понуди на Америка силно водство што ѝ е потребно дома и во светот.“

Поддршката може да значи поттик за Трамп пред клучните избори во „супер вторникот“ за номинација следната недела, кога во 12 сојузни држави се одржуваат прелиминарни избори или кокуси.

Републиканската дебата што се одржа ден порано, во четвртокот навечер, се претвори во надвикување, додека кандидатите зборуваа за проблемите како илегална имиграција, политиката на САД во Блискиот Исток и транспарентноста на даночната евиденција на кандидатите.

XS
SM
MD
LG