Линкови за пристапност

Жител на Рочестер обвинет за обид за поддршка на Исламската држава


Американските власти го товарат 30-годишниот Муфид Елфџи дека охрабрил две лица да заминат во Сирија и дека им дал пари за патот

Американската федерална Голема порота го обвини 30-годишниот Муфид Елфџи од Рочестер во сојузната држава Њујорк за обид да даде поддршка и средства на Исламската држава и за обид за убиство на припадници на американската армија.

Одделот за правда тврди дека Елфџи охрабрил две лица да заминат во странство за да се борат за Исламската држава, а пратил и 600 долари на лице во Јемен за тие да можат да патуваат во Сирија и да се борат со милитантите.

Генералниот правобранител Ерик Холдер рече дека САД „и натаму енергично ќе ги идентификуваат и спречуваат“ оние што сакаат да наштетат на Американците.

Обвинението од седум точки го товари Елфџи и за поседување на огнено оружје и примање на нерегистрирани придушувачи за оружјето.

XS
SM
MD
LG