Линкови за пристапност

Ослободен по децении во затвор, чекајќи смртна казна


Глен Форд дава изјава за медиумите по излегувањето од затвор
Глен Форд дава изјава за медиумите по излегувањето од затвор

Форд, кој е црнец, бил осуден во 1983-та со порота составена само од белци, за убиство на Исадор Роземан, златар од Шревепорт.

Приказна како од филмовите - Американец кој минал речиси три децении во затвор, чекајќи на извршување на смртна казна, сега е на слобода.

Глен Форд, осуденикот што најдолго во историјата на сојузната држава Луизијана чекаше на извршување на казната, се најде на слобода откако новите докази покажаа дека не е виновен за убиството што го стави зад решетки.

Судијата во градот Шревепорт одлучи 64-годишниот Форд да биде ослободен откако самото обвинителство побара од судот да ја укине пресудата за убиство од прв степен и смртната казна.

Форд, кој е црнец, бил осуден во 1983-та со порота составена само од белци, за убиство на Исадор Роземан, златар од Шревепорт. Форд повремено работел како градинар за Роземан. Адвокатите на Форд велат дека новите докази покажуваат дека тој не бил присутен кога Роземан бил убиен.

Излегувајќи од затворот, Форд вчера кажа дека се чувствува прекрасно што е на слобода. Запрашан дали е огорчен поради тоа што неправедно бил осуден, Форд одговори: „Да, затоа што бев затворен речиси 30 години за нешто што не го сторив“.
XS
SM
MD
LG