Линкови за пристапност

УНЦХР бара поголема заштита за депортираните бегалци


Агенцијата за бегалци на ОН бара да се осигура дека човековите права на сите оние кои се вратени - се заштитени

Агенцијата за бегалци на ОН повикува на воспоставување заштитни мерки пред бегалците и мигрантите да се депортираат од Грција во Турција , што е дел од договорот помеѓу Европската унија и Турција. Од УНХЦР велат дека мора да се превземат мерки за да се осигура дека човековите права на сите оние кои се вратени се заштитени.

Агенцијата за бегалци на ОН објави дека многу од потребните заштитни мерки недостигаат. Оваа загриженост е поддржана и во неодамнешниот извештај на Амнести интернешенел, во кој се тврди дека присилно се вратени илјадници бегалци од Турција.

Агенцијата вели дека не се против враќањето назад на луѓето кои не побарале азил и немаат потреба од меѓународна заштита. Сепак, се додава дека човековите права на овие луѓе треба да се почитуваат.

Од агенцијата известуваат дека 51.000 бегалци и мигранти се во Грција, 5.000 се на островите и останатите на копното. Објектите се пренатрупани, нехигиенски и има потреба од итно подобрување.

Портпаролот на УНХЦР Мелиса Флеминг забележува дека на островот Лезбос околу 2.300 бегалци и мигранти се сместени во Центар кој има капацитет за 2.000 луѓе.

Флеминг вели дека УНХЦР бара од турските власти пристап до луѓето вратени од Грција за да може да го набљудува нивниот третман и да заштити секого од присилно депортирање во нивните домови, кадешто нивните животи можно е да се во опасност.

XS
SM
MD
LG