За прв пат по осамостојувањето, во Македонија ќе дојде во посета генерален секретар на ОН. Бан Ки-мун во понеделник замина на патување што ќе го одведе од Кина до Југоисточна Европа.
Ки-мун во Скопје ќе допатува со посредникот на ОН Метју Нимиц. Негов домаќин во државата ќе биде претседателот Ѓорге Иванов, а ќе има и средба со премиерот Никола Груевски. За време на престојот, генералниот секретар ќе се обрати и пред Парламентот.
Канцеларијата на портпаролот на генералниот секретар јавува дека целта на неговото патување е да промовира силно партнерство меѓу ОН и државите од регионот.
Најпрвин тој ќе оди во Пекинг, а прва станица во регионот ќе биде Словенија. Потоа ќе отпатува за Хрватска, Црна Гора, Србија и Косово.
Последната станица во Западен Балкан ќе му биде Босна и Херцеговина, каде патувањето ќе заврши, на 26-ти јули.