Линкови за пристапност

Киев тврди дека продолжува да се трупа руска воена опрема во источна Украина


Москва негира и го обвини Киев за кревање на напнатоста

Портпарол на украинската армија тврди дека продолжува трупањето на руска воена опрема во источниот дел на Украина, контролиран од проруските сепаратисти.

Андриј Лисенко рече во Киев изјави дека властите постојано гледаат руска воена опрема со „терористички ознаки“ - референца што се однесува на сепаратистите - како се движи по линијата на фронтот што ги раздвојува двете страни.

Тој кажа и дека Русија продолжува да ги зајакнува своите сили покрај границата со Украина, вклучувајќи единици за воздушна одбрана и воздухоловни единици. Според Лисенко, Украина ќе продолжи да го почитува договорот за прекин на огнот постигнат меѓу владата и сепаратистие во септември , и покрај, како што наведе, руските обиди тој да се прекрши. Тој рече дека украинската војска отвора оган само како договор на нападите врз нејзините позиции.

САД повикаа да се почитува договорот за прекин на огнот, а Русија рече дека ќе стори се` што е можно за да спречи обновување на насилството од голем размер. Москва негира дека праќа трупи во источна Украина и го обвини Киев за кревање на напнатоста.

Претседателот Обама планира да разговара за кризата во Украина со европските лидери на маргините на Самитот на Г-20 идната недела во Бризбејн, Австралија.

Украинската криза сериозно ги разниша врските меѓу Москва и Вашингтон. Обете земји воведоа серија меѓусебни санкции. Во вторникот, рускиот премиер Дмитриј Медеведев изјави дека подобрувањето на односите зависи од САД. За да се реши ситуацијата, смета Медведев, САД треба да ги укинат санкциите и да продолжат со, како што рече, „продуктивните разговори“.

XS
SM
MD
LG