Линкови за пристапност

Проруските сепаратисти убиле 8 украински војници


Шефот на НАТО вели дека активност на руски трупи во близина на украинската граница „може да сугерира повлекување“.

Проруски сепаратисти се судрија со украинските сили во источна Украина, оставајќи најмалку осум мртви украински војници и 17 други ранети.

Украинското министерство за одбрана во четврток кажа дека насилството се случило преку ноќта и дека сепаратистите користеле пушки, лансери на гранати и минофрлачи да ги нападнат армиските пунктови во донецкиот регион.

Друг војник беше убиен и двајца други ранети во напад во регионот Луганск.

Исто така во четврток, шефот на НАТО Андерс Фог Расмусен кажа дека имало некоја активност на руски трупи во близина на украинската граница што „може да сугерира дека некои од тие сили се подготвуваат да се повлечат“.

Западните држави протестираа на руското распоредување на десетици илјади трупи во областа, изразувајќи загриженост дека Русија може да се подготвува за инвазија по анексијата на Крим во март.
XS
SM
MD
LG