Линкови за пристапност

Анти-руски активисти излегуваат од сенка во источна Украина


Среде про-руското востание во источниот дел на Украина, големо тело активисти се мобилизира против Москва.

Во толпата про-руско население насобрано во Донецк, тинејџерот Коља се обидува да остане незабележан. Во рацете држи дигитална камера што во живо ги пренесува протестите на проукраинска веб-страница, за анти-руските активисти да можат да следат што се` се случува. Коља успева да се инфилтрира во барикадите. Води опасна игра. Подоцна ни покажа радио апликација што на неговите истомисленици им помага да ги координираат своите активности.

„Вака ги наоѓаме оние кои сакаат да го бранат регионот на Донецк од руската окупација“, вели тој.

А во градот, христијанските свештеници се ставаат себеси во првите борбени редови, веат украински знамиња и се молат за национално единство.

Про-руски активисти се собираат и го набљудуваат шаторот на свештениците. Се чини заговараат како да одговорат на про-руските немири.
Сергеј Јерјомин е на чело на советот на самопрогласените Сили за самоодбрана на Донецк.

„Она што може да се случи е целосна граѓанска војна со движење на отпор“, вели тој. „Народот нема да остане рамнодушен на руската интервенција. Луѓето овде ќе имаат проблеми, нема да биде како во Крим“.

Демонстрантите кои се за единство, се обидуваат да се спротистават на проруските учесници во немирите. Стотици лица излегоа на протест во Донецк во саботата со сплотени раце на главните патишта како знак на единство поврзувајќи го истокот со западот, сцена што се повторува во градовите ширум земјата.

„Истокот и западот се заедно“, вели една учесничка во протестите. „Сакам Украина да биде слободна и независна. Ние Украинците сме сите браќа и сестри“.

Но, во Донецк има многу што не се согласуваат. Досега, обете страни стојат подалеку едни од други. И двете се подготвуваат за конфликт.
XS
SM
MD
LG