Линкови за пристапност

Русија се воздржа од поставување санкции спрема САД


Рускиот лидер вели дека во моментов нема да има санкции како знак за одмазда по американските санкции врз Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека засега нема да поставува санкции спрема САД како одмазда за американските санкции поставени спрема Русија во врска со украинската криза.

Соопштението дојде откако горниот дом на рускиот парламент гласаше едногласно во петок да го инкорпорира кримскиот регион во Русија. Долниот дом договорот го одобри во четвртокот, само четири дена откако кримските жители гласаа на референдум за отцепување од Украина и приклучување на Русија. Претседателот Путин и кримските лидери го потпишаа договорот во вторникот.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун во петок се среќава со вршителот на должност претседател на Украина Олександр Турчинов и вршителот на должност премиер Арсениј Јацењук во Киев на разговори за решението на кризата. Во четвртокот Бан се сретна со претседателот Путин и со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Москва. Бан кажа дека го поттикнал рускиот лидер да спречи „секаков ненамерен инцидент“ во или блиску до Украина што ќе ги зголеми тензиите во немирниот регион.

Во четвртокот американскиот претседател Барак Обама објави натамошни санкции против Русија.
XS
SM
MD
LG