Линкови за пристапност

Руски борбени авиони ја патролираат украинската граница


Руските новински агенции известија дека Москва му гарантирала на Јанукович лична безбедност „на руска територија“

Русија испрати борбени авиони за патролирање на нивната граница со Украина во четврток, додека брз развој на ситуацијата е закана за новата украинска влада во Киев.

Вооружени лица ја презедоа контролата на владини згради во Крим, украински регион со силни врски со Москва и дом на руската морнаричка база во Севастопол. Вооружените лица го кренале руското знаме во три бои.

Во меѓувреме, руските новински агенции известија дека Москва му гарантирала на соборениот украински претседател Виктор Јанукович лична безбедност „на руска територија“, но не дадоа други детали.

Додека руски авиони крстосуваа по небото како дел од воената вежба што ја нареди рускиот претседател Владимир Путин, американскиот секретар за одбрана Чак Хегел ја предупреди Москва да не презема акции врз Украина што би можеле погрешно да се разберат. Хегел кажа дека САД цврсто ги поддржуваат територијалните права на Украина и дека Русија и сите земји треба да пружат мошне смирено, мудро лидерство.

Во Киев, парламентот го одобри пораешниот министер за економија Арсениј Јатсењук за нов премиер. Тој ја обвини владата на Јанукович дека украла големи суми пари и дека ја оставила земјата во тешка финансиска криза. Според него, 70 милијарди долари биле испратени на сметки во странство.
XS
SM
MD
LG