Линкови за пристапност

Судири во Киев и покрај примирјето


Неколку часа по објавувањето на примирјето од страна на претседателот, сведоци велат дека имало нови 20 загинати во судирите.

Сведоци во украинскиот главен град велат дека најмалку 20 лица биле убиени во нови судири кои избувнале меѓу анти-владини демонстранти и полицијата, неколку часа откако претседателот Виктор Јанукович соопшти примирје со опозиционите лидери.

Наводниот број на жртви е дополнение на 28-те лица за кои Министерството за здравство кажа дека биле убиени во судирите порано неделава откако полицијата за смирување на нереди упаднала во нивниот протестен камп во Киев.

Насилството доаѓа во време кога тројца министри за надворешни работи на ЕУ се сретнаа со претседателот Јанукович во Киев да дискутираат за кризата. Претходни извештаи кажаа дека разговорите биле откажани заради обновеното насилство. Подоцна во денот ЕУ одржува вонреден состанок во Брисел на кој ќе се расправа за можни санкции против оние кои се одговорни за нередите.

Судирите меѓу анти-владините демонстранти и полицијата ескалираа неделава. Како дополнение на загинатите, речиси 300 луѓе биле хоспитализирани – вклучувајќи 88 полицајци, шестмина новинари и член на парламентот.

Претседателот Јанукович и лидерите на анти-владините протести се согласиле на примирје во средата. Соопштение на страницата на претседателот Јанукович вели дека примирјето има за цел „да го прекине крвопролевањето и да ја стабилизира ситуацијата .... во интерес на мирот во општеството.“ Соопштението не содржи детали.
XS
SM
MD
LG