Линкови за пристапност

Министерката за правда на Украина се закани со вонредна состојба


Лукаш предупреди дека ќе побара прекин на разговорите со опозицијата доколку зградата не се врати на владата.

Украинската министерка за правда се закани дека ќе прогласи вонредна состојба доколку протестантите не го напуштат министерството за правда во Киев, што го зазедоа доцна во неделата.

Во телевизиско појавување во понеделник, Министерката за правда Олена Лукаш исто така предупреди дека ќе побара разговорите на опозицијата и претседателот Виктор Јанукович да бидат прекинати доколку зградата не се врати на владата.

Опозиционите лидери кажаа дека понудата на Јанукович да го назначи лидерот на протестантите Арсениј Јаценјук од Татковинската партија за премиер, и поранешниот боксерски шампион и лидер на партијата УДАР, Витали Кличко за негов заменик, не е доволно за прекинување на демонстрациите, кои се шират на исток, во делови на Украина кои се сметаат за поддржувачи на претседателот.

Јаценјук на насобраните им кажа дека опозицијата „не се плаши“ да прифати поголема политичка одговорност. Но тој рече дека Јанукович се` уште треба да одговори на неколку барања. Меѓу нив се предвремени избори, ослободување на затворени протестанти, и поништување на законите против протести.

Демонстрациите почнаа во ноември откако Јанукович се повлече од трговскиот договор со ЕУ за сметка на поблиски врски со Русија.
XS
SM
MD
LG