Линкови за пристапност

Сирија – во фокусот на разговорите Обама - Путин


Виш претставник на Белата куќа изјави дека средбата обезбедила појасна слика за неодамнешното поинтензивно воено присуство на Москва во Сирија.

Претседателот Барак Обама и неговиот руски колега Владимир Путин се согласиле дека американската и руската армија треба да комуницираат за да избегне конфликт меѓу двете земји во регионот.

Лидерите на САД и Русија воедно дискутираа за немирите во Украина и покрај мировниот договор постигнат во Минск во февруари годинава.

Претставникот на Белата куќа подвлече дека Обама ја повторил американската поддршка за суверенитет и територијален интегритет на украинската влада.

XS
SM
MD
LG