Линкови за пристапност

Продолжуваат преговорите за прекин на огнот во Сирија


Претставникот на ОН за Сирија имаше средби со државниот секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Стафан де Мистура, претставникот на ОН за Сирија за време на средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, истакна дека се залага за враќање на двомесечниот прекин на огнот во оваа земја.

Прекинот на огнот меѓу провладините сили и бунтовничките борци стапи на сила доцна во петокот, што резултираше со драстично намалување на насилството. Борбите беа најжестоки во северниот град Алепо каде од минатомесечните владини воздушни напади загинаа стотици лица.

Пред средбата со Де Мистура, Лавров изјави дека Русија и САД вложуваат заеднички напори за зајакнување на прекинот на огнот. Со претставникот на ОН претходно се сретна и државниот секретар Џон Кери, којшто истакна дека САД и нивните партнери дискутираат по неколку предлози за запирање на насилството.

Новински агенции цитираат анонимни американски претставници кои велат дека САД ја разгледуваат можноста за поставување на „безбедносни зони“, што ќе обезбедат засолниште за цивилите и членовите на умерената опозиција.

XS
SM
MD
LG