Линкови за пристапност

Голема загриженост во редовите на Агенцијата за национална безбедност


Заради пристапот што го имал Едвард Сноуден до доверливите владини информации.

Генералот Кит Александер, првиот човек на Агенцијата за национална безбедност, втор ден по ред пред Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом ќе одговара на прашања за тајните програми на САД.

Тој изрази огромна загриженост за пристапот до доверливи информации што го имал договорниот соработник Едвард Сноуден.

Во меѓувреме, насловните страници во Кина пренесуваат обвинувања од Сноуден. Тој во интервју за кинески весник изјавил дека американската влада вршела кибернетски упади врз компјутери во Кина со години. Сноуден моментално се наоѓа во Хонгконг, каде пребега по обелоденувањето на информациите за шпионските програми.
XS
SM
MD
LG