Линкови за пристапност

Авионот „Соларен импулс 2“ го продолжи патувањето ширум светот


По Аризона, авионот ќе има уште две станици во САД, пред да го мине Атланскиот Океан кон Европа или северна Африка.

„Соларен импулс 2“ полета денеска од „Маутин вју“ во Калифорнија, јужно од Сан Франсиско и се очекува да стигне во Феникс, Аризона по 16 часа.

Швајцарските пилоти Андре Борчберг и Бертранд Пикард слетаа во „Маунтин вју“ минатата недела по тридневниот лет од Хаваите.

По Феникс, соларниот авион ќе има уште две станици во САД, пред да го мине Атланскиот Океан кон Европа или северна Африка.

Иако патувањето не е комплетирано, технологијата којашто работи само на сончева енергија, претставува успех. „Покажавме дека е возможно да летаме многу денови, многу ноќи и дека ова функционира“, изјави Борчберг.

Доколку проектот заврши успешно, постојат големи изгледи дека ќе ја поттикне индустријата на обновлива енергија.

„Соларниот импулс 2“ има подолги крила од Боинг 747 и е опремен со преку 17.000 соларни ќелии коишто ги напојуваат пропелерите и батериите, за да се овозможи и ноќно летање.

Патувањето започна во март 2015-та од Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати.

XS
SM
MD
LG