Линкови за пристапност

Објавен нов сегмент од интервјуто на Сноуден


Поранешниот разузнавачки аналитичар Едвард Сноуден објаснува зошто ја открил тајната американска шпионска програма.

Британскиот весник Гардијан го објави видеото од интервјуто направено на 6-ти јуни во Хонг Конг, каде Сноуден пребега минатиот месец. Подоцна тој замина за Русија, каде останува во транзитната зона на московскиот аеродром додека се обидува да најде држава што ќе му даде азил.

Сноуден вели дека знаел оти САД ќе го обвинат за шпионирање заради обелоденувањето на програмата пред други држави. Но тој кажа дека САД исто така погрешно постапиле со следење на телефонските информации за нивните граѓани и на Интернет врските со можни терористи.

„Тие ќе кажат дека јас сум им помогнал на нашите непријатели што сум кажал за овие системи, но тој аргумент може да биде направен против секого кој открива информации што упатуваат на масивен набљудувачки систем зашто, во основа, тие се однесуваат на нас исто како и на нашите непријатели“, рече Сноуден.

Тој додава дека не сакал да живее во свет „каде се` што ќе каже и што ќе направи, секој израз на креативност или љубов или пријаталство е снимен“.

Тој кажа дека открил детали на програмата на Националната агенција за безбедност зашто верувал дека владини претставници не сфаќаат до која мерка оди шпионирањето.

САД бараат екстрадиција на Сноуден под обвинение за шпионажа, но Русија одби да го екстрадира, во исто време поттикнувајќи го да побара азил во друга држава.

Излезот на Сноуден од Москва е комплициран зашто САД го отповикале неговиот пасош.

Агенцијата што го извела шпионирањето вели дека собраните информации помогнале да се осуетат терористички напади.
XS
SM
MD
LG