Линкови за пристапност

Шкотска одлучува, целото Обединето Кралство во исчекување


Шкотска наредната недела ќе гласа дали ќе остане во рамки на Обединетото Кралство, заедно со Англија, Велс и Северна Ирска, или пак да се отцепи и да стане на независна.

Во Единбург расте напнатоста додека траат подготовките за референдум, по 300 години како дел од Обединетото Кралство.

Кој може да гласа:

  • Британски државјани што живеат во Шкотска .
  • Државјани на Република Ирска или на други земји-членки на ЕУ што живеат во Шкотска
  • Административен персонал на служба надвор од Шкотска, нивни сопружници или цивилни партнери, нивни деца на возраст од 16-години - нагоре
  • Припадници на монархијата или армијата што служат надвор од Обединетото Кралство, а се регистрирани да гласаат во Шкотска
  • Граѓани на Обединетото Кралство што живеат во Шкотска
  • Сите не смеат да бидат помлади од 16 години на денот на одржување на референдумот, 18-ти септември 2014-та

„Отсекогаш имало гласно малцинство во Шкотска што инстинктивно сакало Шкотска да биде независна држава. Она што сега се случува е нов бран на жители што изминативе две години се убедени дека независноста е подобра можност“, вели шкотскиот политички аналитачар и писател Дејвид Торенс.

Аналитичарите наведуваат дека во останатиот дел од Обединетото Кралство владее загриженост за последиците од евентуалното осамостојување.

Шкотското пристаниште Абердин врие од сообраќај. Се проценува дека 90% од британските резерви на нафта лежат под шкотските територијални води.

Шкотска веќе има одвоен парламент, но со мали овластувања кога се работи за менување на даноците, а Лондон и натаму одлучува за економската политика.

Дајте и` на Шкотска можност да биде одвоена и ќе просперира, тврди Кени Андерсон од организацијата „Бизнис за Шкотска“ што заговара независност.

„Не сум сигурен дека Обединетото Кралство секогаш ги има нашите уникатни интереси на врвот на дневниот ред. Не мора да е намерно, туку затоа што има други притисоци. Како независни, можеме да работиме за нашите интереси, како вискито, гасот, рибарството, инжинерингот“, вели Андерсон.

Британија и Шкотска имаат заедничко минато, но иднината - само Шкотланѓаните ќе ја изберат.

XS
SM
MD
LG