Линкови за пристапност

Поделеност меѓу САД и Русија за Сирија


Русија веќе трет ден врши напади врз цели на Исламската држава, но САД ја обвинуваат дека ја користи кампањата за да ја поддржи владата на Башар ал-Асад.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе се сретне со неговиот француски колега Франсоа Оланд на разговори со ситуацијата во Сирија, во време на зголемени тензии околу, како што ги нарекуваат САД, „нејасни“ руски воздушни напади во Сирија.

Русија веќе трет ден врши напади врз цели на Исламската држава, но САД ја обвинуваат Русија дека ја користи кампањата за да ја поддржи владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

САД изразија подготвеност да работат со Русија во искоренување на ИСИЛ во Сирија, но рускиот пристап за САД станува загрижувачки.

„Доколку изгледа како терорист, доколку делува како терорист, ако оди како терорист, доколку се бори како терорист, тогаш е терорист, нели? Се сеќавам дека отсекогаш сме велеле дека ќе се бориме против организацијата Исламска држава и други терористички групи. И САД го имаат истиот став. Претставниците на коалиционата команда отсекогаш потенцираат дека нивните цели се ИСИЛ, Нусра и други терористички групи. Ова е и нашата позиција. За ова сме на исто рамниште со коалицијата“, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Но Русија и САД се поделени околу пристапот на Москва. Пентагон вели дека американската и руската армија разговараат за тоа како би избегнале меѓусебен оружен конфликт, со оглед на фактот што и двете земји водат воздушна кампања во Сирија.

За време на вториот ден од руските напади во Сирија во четвртокот, цел не биле само милитантите на Исламската држава, туку, според некои аналитичари, и борци поддржувани од САД.

Рускиот министер за одбрана изјави дека во воздушните напади се погодени цели на ИД, вклучувајќи го и командниот центар и други складишта за муниција. Но, претставник на опозициската организација Сириски национален совет за време на Генералното собрание на ОН, истакна дека во руските воздушни напади загинале најмалку 36 цивили, вклучувајќи и деца.

Рускиот претседател Владимир Путин ги порекна извештаите дека во акцијата има цивилни жртви. Засега ниту едно тврдење не е потврдено од независен извор.

XS
SM
MD
LG