Линкови за пристапност

Вечер на Мит Ромни во Тампа

Тексашката делегација реагира на говор на Националната конвенција на Републиканската партија во Тампа, Флорида
Тексашката делегација реагира на говор на Националната конвенција на Републиканската партија во Тампа, Флорида

Финале на републиканската конвенција со говорот на претседателскиот кандидат.

Мит Ромни вечерва ја презема диригентската палка на Националната конвенција на Републиканската партија во Тампа, Флорида – во завршниот говор на собирот ќе аргументира зошто токму тој треба да биде избран за претседател на САД.

Републиканскиот претседателски кандидат ќе се обрати до партиските делегати на конвенцијата, но и до милиони гледачи кои ќе го следат говорот пренесуван во живо преку телевизија. Пред Ромни, истакнати партиски претставници последниве наколку дена говореа за тоа како тој би управувал со земјата поинаку од сегашниот претседател Барак Обама.

Централната улога во синоќешната програма му припадна на републиканскиот потпретседателски кандидат Пол Рајан, кој во бескомпромисен говор вети крај на
Републиканскиот потпретседателски кандидат Пол Рајан вети крај на „изговорите и пасивните фрази“ за економијата доколку Американците го изберат Мит Ромни за нов претседател на гласањето во ноември.
Републиканскиот потпретседателски кандидат Пол Рајан вети крај на „изговорите и пасивните фрази“ за економијата доколку Американците го изберат Мит Ромни за нов претседател на гласањето во ноември.
„изговорите и пасивните фрази“ за економијата доколку Американците го изберат Ромни на гласањето во ноември. Според Рајан, се` што оставила Демократската партија се „стравови и поделби“, а Обама и сопартијците последниве четири години само трошеле и обвинувале други за проблемите, наместо да најдат решенија.

Рајан најави дека Ромни „ќе се справи со сериозните предизвици на сериозен начин“, но предупреди дека економските проблеми на земјата се толку големи што нема многу време за чекање. 42-годишниот конгресмен од Висконсин внесе нова енергија во конзервативната база на партијата, иако надвор од партиските редови е мета на критики за предлозите за големи кратења во програмите за социјална заштита.

“Светот знае дека кога една нација ќе ја загуби контролата врз своите финансии, на крајот ќе ја загуби и контролата врз својата судбина“, рече поранешната државна секретарка Кондолиза Рајс на конференцијата во Тампа.

Синоќа на конвенцијата говореше и поранешната државна секретарка Кондолиза Рајс, која истакна: “Светот знае дека кога една нација ќе ја загуби контролата врз своите финансии, на крајот ќе ја загуби и контролата врз својата судбина“. Рајс предупреди и дека светот е „хаотичен и опасен“ кога и пријателите, и непријателите не знаат „јасно и недвосмислено“ кој е американскиот став за прашањата од глобално значење.

На кампања во Вирџинија, претседателот Обама коментираше дека републиканската конвенција е „навистина забавно шоу“, но дека гласачите нема да слушнат Ромни или другите републикански претставници да понудат „јасен, сериозен начин како да се тргне напред“.

Демократите ќе ја одржат својата конвенција наредната недела во Шарлот, Северна Каролина.
XS
SM
MD
LG